Програми
Образовни сесии за дијабетес тип 2
Обучени двојазични здравствени инструктори држат образовни сесии за дијабетесот тип 2 за групи од заедницата. Сесиите ќе се одржуваат во локалните места за состаноци на групите на заедницата.
- Времетраење на сесијата: 75 минути
- Минимален потребен број: 10 луѓе
- Информациите се соодветни за групи на мажи и/или на жени
Сесијата опфаќа:
- Што е дијабетес?
- Како дијабетесот влијае на вашето тело
- Симптомите на дијабетесот
- Фактори на ризик за дијабетес
- Како да го намалите ризикот да добиете дијабетес
- Национална програма на служби за дијабетес (National Diabetes Services Scheme – NDSS)
Образовните сесии се одржуваат во партнерство со Мултикултурниот центар за женско здравје (Multicultural Centre for Women’s Health – MCWH).
Симнете го интернет образецот за пријавување (PDF).
За повеќе информации јавете се на тимот за абориџинска и културна разноличност на 03 9667 1733 или пратете имејл на culturaldiversity@diabetesvic.org.au
За да разговарате со некого на македонски јавете се на повеќејазичната линија за помош на 1300 801 164.
Мултикултурен портал за дијабетес
На мултикултурниот портал за дијабетес има голем број информации на низа јазици.
Видете го мултикултурниот портал за дијабетес